СВЕТСКИ ДЕН НА ПАЛИЈАТИВНАТА ЗАШТИТА

12. октомври 2019


Етички,хуман и професионален пристап на пациенти кои страдаат од тешки болести, во терминален стадиум.
ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” е единствена установа кај нас која обезбедува геријатриска и палијативна заштита.



Палијативната заштита се спроведува во два хосписи, “СЈУ РАЈДЕР” во Скопје и Битола.
Палијативната заштита има цел да котролира болка, ублажување на страдањето, поддржување на достоинството и подобрување на квалитетот на живеење до крајот на животот. Таа не ограничена во однос на возраста, видот на заболување или патологијата. Секој пациент се третира индивидуално, во зависност од неговите физички и емоционални проблеми. Од лани започна да функционира и палијативната амбуланта , а следната цел е да се прошират службите за палијативно згрижување во домашни услови.
12 Октомви е Светски ден на палијативната грижа.Оваа година е со пораката “МОЈА ГРИЖА, МОИ ПРАВА” чии цели се:
      - Споделување на нашата визија за зголемување на достапноста за хоспис и палијативна грижа низ светот, со креирање на можности за јавно говорење ;
      - Подигнување на свеста и разбирање на потребите: медицински, социјални, практични и духовни – на лицата кои живеат со лимитирачки болести и нивните семејства;
      - Потикннување на фондови за подршка и развивање на хосписите и палијативната грижа за лицата со лимитирачки болести и нивните семејства;
Но, не само на денот, тимот на 13 Ноември – Скопје со својата работа секојдневно ја подига свеста за значењето на алијативната заштита.



Двата хосписа се со капацитет од 75 кревети, таму имаме вработен кадар.Којшто е мултидисциплинарен од типот на : лекар специјалист од различна област, интернист, ппонатаму психијатар , невролог, физијатар, дерматовенеролог.
Исто така, средно медицински кадар, како што е специјализирана медицинска сестра за палијативна заштита, физиотерапевти и здравствени соработници како социјалени работници.



Бројот на пациенти на кои им е потребна палијативната грижа, расте како во светот, така и во нашата држава.
Нашата установа е единствена во државата која пружа ваков организиран тимски пристап кон палијативно болните пациенти. Тоа означува мултидисциплинарен пристап, тим од повеќе различни специјалности, кои покрај својата професионалност која е во основа, треба да имаат емпатија, разбирање кон проблемите и симптомите на своите пациенти, па така и да се однесуваат кон нив.



При работата со ваквиот тип на пациенти, медицинските сестри треба да го задржат нивото на хуманост и професионалност на нивото на хуманост и професионалност на највисоко ниво. Бидејќи тоа ќе им овозможи полесен пристап до пациентите, со тоа што ќе постигнат,навремено давање на медицинска терапија, како и можност да ги спроведат медицинските интервенции правилно и што полесно кон пациентите.
Најчесто кај овие пациенти, заради општата физичка и психичка состојба, која е доста тешка, многу е напорно да постигнете соработка, а таа е потребна за да се постигне олеснување на целата општа состојба и да се постигне целосна благосостојба на пациентот.



Во интерес на подобрувањето на секојдневието на пациентите се организираат социо-едукативни клубови на актуелните теми , потоа се одбележуваат верските празници , се организираат настани, во соработка со установи од локалната заедница.
Но, најчесто многу од пациентите не сакаат да присуствуаат поради тешката блест со која се соочуваат и поради тоа се исполнети со депресија, лутина, гнев, којшто го канализираат преку создавање на конфликти спрема најблиските во семејството . И тука социјалниот работник се јавува во улога на слушател и најдобар пријател.


Видеото можете да го погледнете тука





×


Корисни Линкови


        Членство



               Стани член на MAPC
               Регистрација тука,

           Донации


Донација на средства во денари :
"Здружение на палијативна нега на Република Македонија"
"жиро сметка: 300000000211884"
"даночен број: 4030993138810"
"NLB Банка"