Палијативна грижа - насоки

10. May 2018


На 10.05.2018 во "Ден и ноќ " се одржа првиот стручен настан на Здружението за палијативна грижа на Р. Македонија. Тема на Настанот беше " Палијативна грижа - насоки ", под покровителство на Македонско лекарско друштво и акредитиран од Лекарска комора на Р. Македонија.

Настанот го отвори Директорот на Геронтолошки завод "13 Ноември"д-р-Салија Љатиф Петрушовска, која ги поздрави присутните и посака успешна работа на Здружението и на Установата во областа на палијативата грижа за во иднина.

Со свои презентации се претставија : д-р. Лидија Ветеровска Миљковиќ (Претседател на Здружението), д-р. Лидија Павлеска, како и специјалист д-р. Нино Васев, Директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Предавачите во своите презентации ги претставија основните принципи, модели на организирање на палијативната грижа во Македонија, препораките од Европската Асоцијација за палијатива, и дадоа насоки за тоа што во иднина треба да се прави во државата на ова поле. На настанот беа присутни околу 100 лекари - специјалисти по интерна медицина, онколози, невролози, како и голем број на семејни и општи лекари, лекари од Здравствен дом од Службите за Домашна посета и Брза помош. Целта беше да се создадат услови за понатамошна меѓусебна блиска соработка на сите лекари кои се соочуваат со палијативни болни во својата секојдневна пракса.

Со свое предавање за употреба на Canabis кај пациенти со малигни болести, се претстави и д-р Гордана Дамјановска од Реплек - Фарм, кој беше и спонзор на настанот.





Втор стручен настан одржан во Битола










Корисни Линкови


    Членство



            Стани член на MAPC
            Регистрација тука,

           Донации


Донација на средства во денари :
"Здружение на палијативна нега на Република Македонија"
"жиро сметка: 300000000211884"
"даночен број: 4030993138810"
"NLB Банка"