ИСТОРИЈАТ :



"Палијативна грижа е пристап кој го подобрува квалитетот на животот на пациентите и нивните семејства кои се соочуваат со проблеми поврзани со опасни по живот болести, преку превенција и олеснување на страдањата по пат на рана идентификација, беспрекорна проценка и елиминирање на болката и другите проблеми, физички, психосоцијални и духовни ( Светска Здравствена организација, 2002 год)"

Палијативната грижа не е насочена кон некоја специфична болест, го опфаќа периодот од дијагнозата на тешка и неизлечива болест до крајот на животот, како и периодот на жалост поради болниот губиток, палијативниот период може да варира од неколку години до недели или (поретко) денови. Не е синоним за грижа во последните мигови од животот, туку неа и ја опфаќа. Палијативната грижа треба да започне уште во примарна здравствена заштита од страна на фамилијарниот лекар кој најдобро ја знае здравствената состојба на пациентот . Не е наменета само за пациенти со малигни болсти. Палијативна грижа е потребна за сите пациенти со хронични прогресивни болести : кардиоваскуларни , ХОББ, цереброваскуларни инсулти и деменции, прогресивни невролошки болести, хронична бубрежна болест и др.

Почетоците на организирано палијативно згрижување во нашата држава датираат од 1994 год, кога со финансиска помош на Фондацијата "Sue Ryder" од Англија, е отворен првиот Хоспис - наменет за болни со малигни заболувања во палијативен стадиум на болеста, кој како посебен оддел е отворен во склоп на Геронтолошки завод "13 Ноември", установа која од 2019 год. е трансформирана во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември " - Скопје. Хосписот располага со 75 болнички кревети, а во склоп на него функционира и Дневна болница. Пристапот е мултидисциплинарен, во тимот покрај доктори од повеќе специјалности има и социјален работник и психолог, како и специализирани сестри за геријатриска и палијативна медицина. Во 2004 год исто така во склоп на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември " во Битола е отворен ист таков Хоспис со 75 болнички кревети.

Во текот на изминатиот период од околу 20 години, Хосписите се развиваат во правец на подобрување на квалитетот на услугите за пациентите и нивните семејства, применувајќи ги протоколите на Палијатината медицина, пропишани од Европската Асоцијација за палијатива, како и Светската здравствена организација. Исто така, во текот на изминатиов период, персоналот се стекна со многубројни сертификати од областа на Палијативната медицина, во Референтни центри за палијатива, како Лондон, Брашов, Бидгошч и др. и се стекна со знаења за примена на најсовремените медицински протоколи од областа на палијативата. Од 2008 год. во склоп на Хосписот во Скопје, почна да функционира еден тим за палијативна нега во домот на пациентот, составен од доктор и медицинска сестра, кои покрива мал број на пациенти на територијата на Скопје.
`
Во 2010 год е усвоена и Национална стратегија за палијатива , која содржи и акционен план за наредните години, со цел да се прошират сите сервиси за палијативно згрижување - отварање на поголем број на палијативни кревети во повеќе болнички центри низ државата, зголемување на тимовите за домашно лекување и во други градови и создавање на мрежа на палијативни услуги достапни до сите жители на државата во вид на мрежа.

Здружението за палијативна грижа својата активност ја започна во декември 2017 год, кога беше одржано Основачко собрание, избрано раководство на Здружението, поделени Пристапници. Како член на Здружението може да биде секој лекар, кој во својата пракса се сооучува со третман на палијативно болни пациенти. Целта на Здружението е да го промовира концептот за палијативна грижа и да ја охрабрува заедницата да го поддржува нејзиниот развој, да ја запознава и едуцира општата јавност и граѓаните за значењето на палијативното згрижување, да спроведува едукација на здравствените работници од областа на палијативната медицина.

Здружението функционира во склоп на Македонско лекарско друштво, има Статут, кој е истовремено и Статут На МЛД, соработува со други вакви Здруженија во светот, а од 2018 год. стана и член на Европската Асоцијација за палијативна грижа.( EAPC).



 Корисни Линкови



        Членство



                  Стани член на MAPC
                  Регистрација тука,

          Донации


Донација на средства во денари :
"Здружение на палијативна нега на Република Македонија"
"жиро сметка: 300000000211884"
"даночен број: 4030993138810"
"NLB Банка"